Добредојдовте во ЕВОЛВ, точка на среќавање меѓу општествениот развој и иновациите! ЕВОЛВ е компанија за поддршка на јавниот и приватниот сектор во воведување креативни решенија за нивните работни процеси и предизвиците со кои се соочуваат.
ПовеќеЕВОЛВ нуди услуги за стручни иновативни решенија наменети за владата, државните институции, приватниот сектор и сите организации/институции кои сакаат да воведат структурни промени во своето работење, а се однесуваат на областите модернизација и професионализација на администрацијата, ЕУ интеграцијата и социо-економскиот развој на нашата држава.
ЕВОЛВ обезбедува поддршка во спроведувањето на промените во организациите кои се стремат кон поефикасно дејствување. ЕВОЛВ нуди поддршка при работа за вработените во организациите кои имплементираат иновации преку развој на протоколи за работа, воведување нови пракси на работење, тестирање на процесите, обуки за вработените, автоматизација на процеси, евалуација на ефектите од воведените новини.
ЕВОЛВ се стреми кон развој на сите организации од јавниот и приватниот сектор преку унапредување на нивната ефикасност и ефективност. Со ова ЕВОЛВ ги поддржува тие да станат поконкурентни во своите области во однос на Европската Унија и другите развиени земји. ЕВОЛВ воспоставува партнерства и заеднички проекти со успешни организации низ светот заради промовирање и развој на домашните организации и компании.
ЕВОЛВ ДООЕЛ СКОПЈЕ (EVOLVE DOOEL SKOPJE) е компанија формирана во 2020 година од страна на Центар за управување со промени (ЦУП) како ќерка компанија. ЦУП е единствен основач на ЕВОЛВ, со што двете организации продолжуваат да работат во синергија.
ЕВОЛВ ги презема активностите како консултации, советувања, обуки и истражувања за клиентите на ЦУП, односно услугите кои не се дел од грант средствата и проектите кои ЦУП ги спроведува како граѓанска организација.
ЕВОЛВ е специфично формирана за да се издвојат активностите кои ја помагаат одржливоста на ЦУП, кој е препознатлива мислечка организација од 2009 година.
ЕВОЛВ продолжува да го гради заедничкото портфолио на ЦУП и ЕВОЛВ преку проширување на опсегот на работа во истражувања и услуги за нови клиенти. ЕВОЛВ ги користи портфолиото и експертизата на ЦУП бидејќи природно произлегува од досега изградените капацитети, како најјака страна на двете организации.
Вредностите според кои се води организацијата ги насочуваат напорите на тимот кон заедничките стратешки цели и укажуваат во што верува организацијата, но и како се очекува да се однесуваат вработените, не само едни со други, туку и со соработниците и другите засегнати страни. Истите ни обезбедуваат морална насока која го насочува донесувањето одлуки и воспоставува стандард за проценка на дејствијата. Нашите вредности се следните:
Отвореност за промена - Како што кажува и името на нашата организација, ЦУП ги поттикнува и поддржува промените во општеството кои водат кон благосостојба на заедницата.
Вмрежување и партнерство - Се стремиме да постигнеме поголема вклученост и соработка во процесите на донесување одлуки со сите релевантни чинители со цел да ги оптимизираме придобивките од предложените решенија и да придонесеме кон успешно спроведување на проектите од јавен интерес.
Континуирано учење - Нашето делување се раководи од мотото „еxcellence in work“. На тој начин поттикнуваме култура на учење и инвестирање во постојан развој, подеднакво во активностите кои ги имплементираме и во рамки на нашата организација, во насока на подобрување на резултатите и квалитетот на работењето на организацијата.
Иновации, креативност и отвореност кон промена - Подржуваме креативност и отвореност кон иновации од страна на нашите вработени и од сите со кои соработуваме. Со тоа отвораме простор за изнаоѓање на нови и ефикасни решенија за проблемите со кои се соочуваме и можност да учиме од искуствата на другите.
Еднаквост и фер третман - Ги промовираме и практикуваме принципите на еднаквост, еднакви можности и фер третман, како и почитување на индивидуалните разлики. Културната разновидност се третира како предност и се прават континуирани напори да се осигури дека секој има удел во општеството без да се чувствува исклучено. Се промовира социјална кохезија и интеграција на ранливите области.
Општествена одговорност - Ги охрабруваме поединците и институциите / организациите да размислуваат и да дејствуваат во корист на благосостојбата на општеството како целина.
Lorem ipsum dolor sit amet consectetur adipisicing elit. Quas nam iste praesentium hic eveniet maxime dolore animi, labore officiis aut sint eligendi cum illum maiores eaque, aliquid, consectetur impedit rerum!

ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 34а,
1000 Скопје, Северна Македонија
+389 2 6092 216
Пон. - Пет. 08:30-16:30