Портфолио

Дигитализација на услуги во образовниот сектор

Фокусот на овој проект e дополнително дигитализирање на услугите во образовниот сектор, кои често се користат и можат да имаат поголемо влијание и за корисниците и за МОН како давател на услуги. Проектот опфаќа целосна дигитализација на овие услуги и дава поддршка во реорганизирање на внатрешните процеси во МОН за овие услуги, градење на капацитети на администрацијата во МОН за управување со услугите и нивно унапредување, како и промотивна кампања за мотивирање на релевантните групи на корисници на е-услугите.

Проектот е спроведен во партнерство меѓу ЕВОЛВ и Центар за управување со промени (ЦУП).

Период 01.10.2021 - 31.03.2022

Донатор: Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Краен корисник на проектот Министерство за образование и наука, сите корисници на е-услуги

Главна цел

Проектот има за цел да ги поддржи ја дигитализацијата во образовниот сектор преку продолжување на воведувањето електронска испорака на административните услуги на Министерството за образование и наука, со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на дадените услуги и намалување на човечката интервенција и влијанија.

Очекувани резултати

  1. Развиена е-услуга за упис на ученици во средните училишта
  2. Развиен електронски систем за повици за финансирање научни и истражувачки проекти
  3. Промотивна кампања за испорачаните нови е-услуги