Со овој проект УНИЦЕФ ја препознава суштинската улога на Центрите за вакцинација и потребата од зајакнување на нивната работа и важност на целата територија на Северна Македонија со цел поефикасно да им служи на граѓаните и да го оптимизира нивното функционирање. Проектот вклучува функционална и финансиска анализа се фокусира на организациската поставеност, распределбата на ресурсите и капацитетот на работната сила на центрите за вакцинација, објавени како препораки за ефективни политики до Министерството за здравство. Понатаму, развиена е анализа на трошоците и придобивките и можностите за финансиска одржливост на службите кои вршат вакцинација, со упатување на иновативни опции, бидејќи обезбедувањето бесплатна универзална примарна здравствена заштита треба да биде достапна за сите, а пред се да биде квалитетна и достапна до детската популација.
Со надградба на внатрешната организација и систематизирање на работните места во Центрите за социјална работа, проектот придонесува за севкупно подобра испорака на социјалните услуги и социјалната заштита, што на крајот ќе доведе до подобрување на јавните системи одговорни за развојот на човечкиот потенцијал во државата и ефикасна заштита на децата. Со цел да се зајакне квалитетот и покриеноста на услугите низ државата, проектот длабински ги анализира неколку Центри за социјална работа во руралните и во урбаните средини во Северна Македонија, па препораките ќе придонесат за подобрување на работата на сите центри и системот за социјална заштита.
Проектот е спроведен во партнерство меѓу ЕВОЛВ и Центар за управување со промени (ЦУП).
Период 01.10.2023 - 29.02.2024
Донатор: UNICEF
Краен корисник на проектот Центри за социјална работа, Центри за вакцинација
Главна цел
Општата цел на проектот е да придонесе за подобрени социјални и здравствени услуги за граѓаните на Северна Македонија, преку надградена и модернизирана работа и организација на Центрите за социјална работа и Службите за вакцинација.
Очекувани резултати