Портфолио

Подобрување на организациската структура на патронажната служба

Програмата на УНИЦЕФ во РСМ во периодот 2020-2025 се фокусира на политики релевантни на децата, примарно здравствени, социјална заштита и образование. Овој проект го адресира недостигот од внимание за превентивната и примарната здравствена грижа за граѓаните, додека институциите се фокусираат на градење болници, набавување на скапа опрема и повеќе несоодветни набавки. Придонесот на проектот опфаќа aспекти поврзани со институционална организација и развој на патронажната служба (општински, регионални служби во Здравствените домови/Општи болници со проширена надлежност), развивање на човечкиот капитал, систематизација на работни позиции, опис на работни задачи и компетенции (општи и професионални), како и управување на перформансите и оценка. Подобрено функционирање на Патронажната служба како дел од здравствениот сектор, значајно и индиректно ќе придонесе кон благосостојбата на децата во државата.

Проектот е спроведен во партнерство меѓу ЕВОЛВ и Центар за управување со промени (ЦУП).

Период 01.11.2021 - 01.06.2022

Донатор: УНИЦЕФ

Краен корисник на проектот Патронажна служба во Здравствените домови/Општи болници со проширена надлежност

Главна цел

Проектот опфаќа aспекти поврзани со институционална организација и развој, развој на човечкиот капитал, поточно систематизација на работни позиции, опис на работни задачи и компетенции (општи и професионални), како и управување на перформансите и оценка.

Очекувани резултати

  1. Извештај од спроведената функционална анализа (ФА) во Патронажната служба во Скопје, со препораки за организациски развој. 
  2. Креирани акти за организациска структура и систематизација на работните позиции.
  3. Развивање на Рамка за компетенции за позициите во Патронажната Служба.