Програмата за парламентарна поддршка дава поддршка на Собранието на Република Северна Македонија во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.
Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.
Во поддршка на наведените реформи, ЕВОЛВ ги спроведе анализите и изработката на документите кои се однесуваат на унапредување на етиката во Собранието и воспоставување парламентарен календар.
Период 01.07.2018 - 31.12.2020
Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка
Краен корисник на проектот Собрание на Република Северна Македонија
Главна цел
Програмата дава поддршка на Собранието за подобрување на институционалниот кредибилитет и довербата меѓу јавноста преку јакнење на системот на етика и воспоставување парламентарен календар во Собранието на Северна Македонија.
Очекувани резултати