Крајниот резултат на проектот е подобрување на ефективноста и ефикасноста на МО преку функционално управување со јавните набавки. Среднорочно и долгорочно, развиениот е-систем за управување со јавни набавки овозможува навремено планирање и подготовка на набавки и успешна имплементација на тендерските постапки со стандардизирани документи, притоа минимизирајќи го ризикот од корупција и судир на интереси. Процесот на јавни набавки кон надвор го презема Бирото за јавни набавки, а овој проект овозможува подобрување на планирањето и координацијата на набавките во Министерството за одбрана.
Проектот е спроведен во партнерство меѓу ЕВОЛВ и Центар за управување со промени (ЦУП).
Период 15.09.2021 - 31.03.2022
Донатор: Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје
Краен корисник на проектот Министерство за одбрана
Главна цел
Подобрено управување во Министерството за одбрана преку воспоставување систем за планирање, следење и рано предупредување во врска со процесите за јавни набавки (JН) управувани од Министерството за одбрана.
Очекувани резултати