Буџетско партиципирање во ЕЛС

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-30 учесници

За програмата

Буџетското партиципирање се користи со намера да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари. Исто така, процесот овозможува олеснување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво во насока на  подобрување на локалната одговорност, квалитетот на локалните услуги и квалитетот на животот.

Целта на обуката е да се унапредат и прошират знаењата и вештините за вработените во локалните општини за предностите на буџетското партиципирање кои на овој начин ќе се здобијат со можноста да одговорат на потребите и барањата на граѓаните како и да го зголемат својот рејтинг во поглед на транспарентноста и оттчетноста и во едно да креираат буџет кој ќе биде наменет за потребите и согласно барањата на сите засегнати страни кои функционираат на територијата на нивната општина. Од друга страна, обуката ќе ја зголеми свеста кај граѓаните за тоа како општината работи и ги гради своите буџети и како се трошат јавните пари. Во едно им ја дава можноста на граѓаните да го дадат својот придонес и да се вклучат во процесот на буџетското партиципирање и со тоа индиректно да влијаат на зголемување на квалитетот на нивниот живот.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • ќе се запознаат со процесот на буџетското партиципирање и неговите предности;
  • ќе им биде претставена временската рамка според која се спроведува процесот на буџетското партиципирање;
  • ќе го подобрат разбирањето за буџетскиот процес и за буџетот на општината;
  • ќе се запознаат со основните делови од Законите кои се врзани со процесот на партиципативното буџетирање (Закон на Буџети на РСМ, Закон за финансирање на ЕЛС како и со Законот за локална самоуправа);
  • ќе се запознаат со начинот и изворите на финансирање на ЕЛС како и постапките кои истите ги користат во процесот на прибирање средства;
  • ќе се запознаат со структурата на буџетот (приходите и расходите)
  • ќе се запознаат со правилата врз основа на кои треба да се заснова буџетот на ЕЛС
  • ќе им бидат претставени буџетските класификации и нивното значење;
  • ќе се запознаат со основните надлежности на општините во РСМ
  • ќе се запознаат со основните облици на граѓанско учество како и кои се главните учесници во буџетскиот процес.

Содржина на програмата

  • дефиниции за буџетско партиципирање и неговото значење и важност
  • фази во процесот на буџетско партиципирање
  • Временски рамки
  • Разгледување на трите закони и анализа на одредени делови од нив кои се врзани за начинот на функционирање на ЕЛС и процесот на буџетското партиципирање
  • разгледување и анализа на буџет на одредена општина и неговата структура
  • изворите на финансирање на ЕЛС
  • буџетските класификации (организациска класификација, економска класификација, функционална класификација и програмска) и нивното значење
  • што се е во надлежност на општината и во каков облик се упатува барање од јавен карактер до истата
  • основните облици на граѓанско учество

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте нè преку овој формулар